Британскиот премиер: Згрозен сум од нападот врз писателот Ружди

од Берта Китинска

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва изјави дека е „згрозен“ од нападот на британскиот писател со индиско потекло Салман Ружди во САД.

„Згрозен сум што Сер Салман Ружди беше избоден со нож додека го практикуваше правото што никогаш не треба да престанеме да го браниме“, напиша Џонсон на Твитер, мислејќи на слободата на изразување.

„Мислам на неговите најблиски. Сите се надеваме дека е добро“, додаде Џонсон откако авторот на „Сатански стихови“ беше прободен со нож во вратот за време на предавање во државата Њујорк.

Американската полиција соопшти дека не е позната здравствената состојба на писателот роден 1947 година и додаде дека го уапсила осомничениот напаѓач.

Слични содржини