Британскиот принц Ендрју се повлекува поради афера

од Aleksandar Petrovski

Британскиот принц Ендрју објави дека се повлекува од јавниот живот, наведувајќи дека контроверзиите околу неговиот непромислен однос со американскиот финансиер Џефри Епстајн, кој беше осуден за педофилија, му предизвика големи проблеми на кралското семејство.

Ендрју изјави дека „се откажува од сите свои јавни должности во догледна иднина“.

Принцот, исто така, побарал од мајка му, кралицата Елизабета Втора, дозвола да се повлече.

Обидите на британскиот принц Ендрју да ги разјасни неговите пријателски односи со Епстајн во интервјуто кое го даде за Би-Би-Си пред неколку дена, предизвика многу негативни реакции.

Тој во интервјуто првпат одговараше на прашањата за врските со осудениот педофил Епстајн пти што призна дека било грешка што престојувал во неговата куќа.

Принцот Ендрју, во едно од ретките интервјуа за Би-Би-Си, категорично ги отфрли обвиненијата дека имал сексуален однос со американската Вирџинија Робертс, која го обвини за сексуална злоупотреба кога била малолетна.

Повеќечасовното интервју веднаш стана ударна тема на социјалните медиуми и предизвика бројни реакции, од кои малку беа за поддршка на принцот.

Слични содржини