Британскиот сој на Ковид 19 се менува: Новата мутација станува отпорна на антителата

Научниците од Велика Британија тврдат дека еден вид коронавирус кој потекнува од Кент повторно претрпува генетски промени. Тестовите на некои примероци покажуваат појава на мутација наречена E484K, веќе забележана во некои варијанти на вирусот, како што се оние од Јужна Африка и Бразил.

Иако оваа промена може да ја намали ефикасноста на вакцините, вакцините што веќе постојат, сепак треба да бидат ефективни, велат експертите. Велика Британија веќе ги засили мерките за контрола на ширењето на нови варијанти на коронавируси. На пример, воведени се ограничувања за патувања, а еден вид на вирус од Јужна Африка итно се тестира во делови на Англија, пишува Би-Би-Си. Досега во Велика Британија се пронајдени само неколку случаи на нова мутација E484K, поточно 11 од над 214 000 тестирани примероци. Д-р Џулијан Танг, експерт за вируси на Универзитетот во Лестер, го опиша ова како „загрижувачки, но не и неочекуван развој на настаните“. Имено, сите вируси мутираат со цел да се шират и да напредуваат.

Научниците почнаа да испитуваат што би можеле да значат новите мутации за постојните вакцини за коронавирус дизајнирани да дејствуваат на претходните видови Некои истражувања покажуваат дека E484K може да му помогне на вирусот да избегне делови од имунолошкиот систем наречени антитела. Но, дури и во најлош случај, вакцините можат да се редизајнираат и рафинираат за подобро да се совпаѓаат во рок од неколку недели или месеци, доколку е потребно, велат експертите.

Слични содржини