Британските здравствени работници почнуваат со тестирање на хидроксихлорокин

од Aleksandar Petrovski

Британските здравствени работници од четврток ќе учествуваат во меѓународно истражување кое се обидува да докаже дали два антималарици, меѓу кои и хидроклихлорокинот кој Доналд Трамп рече дека го зема, може да биат превенција против коронавирусот.

Во истражувањето „COPCOV“ ќе учествуваат повеќе од 40.000 здравствени работници од Европа, Африка, Азија и Јужна Америка.

Целта на истражувањето е да се утврди дали хлорокин и хидроксихлорокинот може да ја спречат инфекцијата коронавирус.

Побарувачката за хидроксихлорокинот многу порасна откако Трамп го пофали тој антималарик како можен лек против коронавирусот на почетокот на април.
Претходно оваа недела Трамп кажа дека зема хидроксихлорокин како превенција од коронавирус и покрај предупредувањата на стручњаците.

Истражувањето под водство на универзитетот во Оксфорд а во соработка со истражувачкиот центар за тропска медицина од Банкок ќе почне во четврток во болниците во Брајтон и Оксфорд.

Клиничко испитување

Студијата ќе вклучува луѓе кои се во близок контакт со пациенти за кои е потврдено или се сомневале дека имаат ковид-19.

„Навистина не знаеме дали хлорокинот или хидроксихлорокинот се корисни или штетни против ковид-19“, рече професорот од универзитетот Оксфорд, Николас Вајт, кој е ко-водач на студијата и член на МОРУ.

„Најдобар начин да откриете дали се ефикасни во спречувањето на ковид-19 е преку рандомизирана клиничка студија“, додаде тој.

Истражувачкиот тим што ја спроведе студијата COPCOV наведува дека лабораториските докази покажуваат дека антималариите може да бидат ефективни во превенцијата или третманот на ковид-19, но досега не е донесено конечен заклучок.

Регулаторите на САД ја одобрија употребата на хидроксихлорокин во итни случаи кај пациенти со коронавирус, но Управата за храна и лекови (ФДА) предупреди на употреба на лекот надвор од болниците или во клиничките испитувања заради ризик од сериозни нарушувања на срцевиот ритам.

„Овие испитувања ќе ни овозможат подобро разбирање за тоа колку се безбедни и ефикасни овие лекови кај најразлични популации и возрасни групи“, рече Ник Камакк од Велкомест, медицинска компанија која го финансира истражувањето, меѓу другите.

„Ако и само доколку тие се ефикасни, овие лекови можат да се произведуваат брзо и да бидат дистрибуирани низ целиот свет“, додава тој.

Во Велика Британија, Европа и Африка, една група учесници во студијата ќе добијат хидроксихлорокин, а другата плацебо во текот на три месеци.

Во Азија, едната група ќе прима хлорокин, а другата плацебо.

Вкупно 25 центри за студијата се очекува да бидат отворени во Велика Британија до крајот на јуни, соопшти МОРУ, а се планира да се нарачаат и дополнителни центри во Тајланд, на друго место во Југоисточна Азија, Италија, Португалија, Африка и Јужна Америка.

Резултатите од истражувањето се очекуваат на крајот на годината.

Слични содржини