Најновиот разузнавачки извештај на британското министерство за одбрана се фокусира на евакуацијата на жителите од Херсон до левиот брег на реката Дњепар. Тие го сметаат за многу невообичаено признавањето на генерал Сергеј Суровикин дека ситуацијата е „напната и тешка“.
„Тој потег веројатно укажува дека руските власти сериозно размислуваат за големо повлекување на нивните сили од областа западно од реката Дњепар. Клучниот предизвик на секоја руска операција за повлекување би било да се префрлат војниците и нивната опрема преку реката широка 1.000 метри“, се наведува во извештајот.
„Со оглед на тоа што сите мостови се тешко оштетени, Русија најверојатно најмногу би се потпрела на привремениот мост што го заврши во близина на Херсон во последните денови и на воените траекти кои делуваат на неколку локации“, се додава во извештајот.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 20 October 2022
Find out more about the UK government's response: https://t.co/LeQsOOjVXy
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/rHzlFrXAJU
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) October 20, 2022