Британци демолирале угостителски објект во Неготино, нападнале и полицаец

од Nikola Popovski

Полицијата информираше дека синоќа во 22.50 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Џ.Л.(29), Б.С.(24) и Б.Ф.(29), сите од Велика Британија, затоа што се однесувале агресивно и оштетиле инвентар во угостителски објект во Неготино.

– Еден од нив нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, информираат од МВР.

Од таму се додава британските државјани биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Слични содржини