Британците бесни на премиерот: Земјата е во криза, а Џонсон летува по втор пат

од Stefanija Kuzmanovska

Во време кога Британија минува низ неколку кризи, вклучително и историска инфлација и суша, премиерот во заминување Борис Џонсон го започна својот втор одмор за две недели и ги поттикна критиките дека создава вакуум на врвот на земјата додека го чека својот наследник.

Во последните недели Џонсон ги пропушти итните состаноци за невидените горештини што ја зафатија Велика Британија, ја игнорираше прославата на репрезентацијата на Англија на Европското првенство во фудбал за жени за да ужива на одмор во планините во Словенија и пропушти важни состаноци, пренесува лондонски Independent.

Британската политичка јавност го обвинува Џонсон за отсутноста во време кога неговите сонародници страдаат од нагло зголемување на трошоците за живот, особено од огромни поскапувања на струјата и бензинот, а се поголем број работници штрајкуваат поради ниските плати и лошите услови за работа, пишуваат британските медиуми.

Слични содржини