Британците масовно ги губат своите работни места поради пандемијата

од Vladimir Zorba

Бројот на британски компании кои планираат да го намалат бројот на вработените во јуни беше пет пати поголем отколку во истиот месец една година порано, што ги покажува економските последици од пандемијата, објави денес Би-Би-Си.

Оттаму посочуваат дека 1.778 компании ја известиле владата за плановите за намалување на вкупно 139.000 работни места.

Една година порано, имаше 345 такви компании, а тие најавија и затворање на вкупно 24.000 работни места.

Од британските компании се бара да ја известат Службата за стечај, доколку планираат да затворат 20 или повеќе работни места.

За време на пандемијата, владата плаќа скоро 10 милиони работници испратени на присилно отсуство.

Економистите предвидуваат зголемување на невработеноста кога програмата ќе заврши во октомври.

Британската економија се намали за повеќе од 20 проценти во првата половина на 2020 година, и покрај некои знаци на закрепнување, „Банката на Англија“ вели дека економската активност на крајот на оваа година ќе биде за 9,5 проценти пониска отколку што беше на почетокот.

Слични содржини