Британците стравуваат од вториот бран на корона: Црни прогнози за зимата 2021 година, би можеле да умрат околу 120.000 луѓе

од Aleksandar Petrovski

Научниците сугерираат дека околу 120.000 луѓе би можеле да умрат во вториот, зимски бран на инфекција со коронавирус во Велика Британија. Најлошото сценарио е бројка од 24.500 до 251.000 смртни случаи во јануари и февруари 2021 година.

До денес, 44.830 луѓе починале од коронавирус во Велика Британија.

„Ризикот може да се намали ако преземеме итни мерки“, предлагаат научниците.

Во извештајот, побаран од главниот научен советник на Велика Британија, Патрик Валанс, се нагласува дека сè уште постои висок степен на неизвесност во врска со начинот на кој ќе се одвива пандемијата на коронавирус оваа зима.

Досегашните истражувања покажаа дека вирусот може да преживее подолго во постудени услови и веројатно ќе се шири побрзо кога луѓето поминуваат повеќе време во затворено.

Експертите се загрижени дека Националната здравствена служба на Велика Британија ќе биде под голем притисок, не само заради повторното појавување на коронавирусот, туку и заради сезонскиот грип.

Професорот Стивен Холгејт, специјалист за респираторни болести при Универзитетската болница Саутемптон NHS Trust, рече дека моделирањето сугерира дека смртноста би можела да биде поголема со нов бран коронавирус оваа зима, но дека ризикот од тоа може да се намали доколку веднаш се преземат мерки.

Во моментов има малку случаи на инфекција со коронавирус во Велика Британија, што е идеална можност да се подготват за најлошото што може да го донесе зимата.

Во Велика Британија, сè уште има препораки за самоизолација и тестирање доколку луѓето развијат симптоми на болеста.

Тие препорачаа да се зголеми капацитетот на програми за тестирање, повеќе луѓе да се вакцинираат против грип, осигурувајќи дека болниците и домовите за стари лица имаат доволно заштитна опрема, да создадат зони без коронавирус во болниците за да се запре инфекцијата.

Владата истакна дека имаат доволно вакцини против грип и работат на пронаоѓање на вакцина против коронавирус.

Слични содржини