Британците тврдат дека руски хакери крадат податоци за вакцината

од Stefanija Kuzmanovska

Британскиот национален центар за компјутерска безбедност (NCSB) тврди дека хакери поддржани од Русија, се обидуваат да украдат истражувања за вакцината и третманот за Ковид-19 од академски и фармацевтски институции од целиот свет.

Координираната изјава на Велика Британија, САД и Канада ја обвини групата АПТ29, позната и како Cozy Bear за хакерски напади, за кои се тврди дека скоро сигурно функционираат во рамките на руските разузнавачки служби, пренесува „Ројтерс“.

NCSB наведува дека групата за време на нападот користи алатки и техники и предупредува дека АПТ29 ќе продолжи да ги напаѓа организациите кои учествуваат во истражувањето за пронаоѓање и развој на вакцина за Ковид-19.

Велика Британија и САД во мај соопштија дека мрежа хакери нападнале национални и меѓународни организации, кои реагирале на пандемијата на Ковид-19, но ваквите напади претходно не биле експлицитно поврзани со руската држава.

Групата Cozy Bear, која е поврзана со руската влада, е осомничена за хакерски напади врз Демократската партија пред претседателските избори во 2016 година во САД.

Слични содржини