Бритни под истрага за наводно удирање на вработена

од Берта Китинска

Пејачката Бритни Спирс е под истрага откако жена вработена во нејзиниот дом се пожалила дека таа ја удрила, соопштија службеници за спроведување на законот во Калифорнија.

Жената ги изнела наводите по расправија во домот на Спирс во понеделникот.

Полициски капетан во округот Вентура, Ерик Башоу, изјави дека 39-годишната пејачка е осомничена во истрагата откако нејзината домаќинка пријавила дека пејачката ја удрила за време на расправија. Башоу за магазинот „Пипл“ рече: „Наодите од истрагата ќе бидат проследени до канцеларијата на обвинителот. Тоа е истрага за полесен прекршок.“

Адвокатот на пејачката ги отфрли обвинувањата на домаќинката на Бритни, нарекувајќи ги „напумпани“.

Слични содржини