Бритни Спирс: Пејачката официјално побара да добие нов старател наместо нејзиниот татко

од Nikola Popovski

Бритни Спирс официјално побара да му се одземе статусот на старателство на нејзиниот татко, тринаесет години откако тој ја презеде контролата над нејзините финансии.

Адвокатот на американската пејачка поднесе барање до судот во понеделникот.

Спирс првпат зборуваше пред еден месец, после подолг период од неколку години и откри дека нејзиниот татко ја малтретирал.

Во судските документи, Метју Розенгарт го опиша овој однос на старателство како „кафкијански кошмар“.

Тој побара сметководителот Џејсон Рубин да биде назначен за човекот што ќе управува со недвижностите на пејачката.

Според адвокатот, станува збор за парична сума од 2,7 милиони долари и недвижен имот во вредност од 57 милиони долари.

Рубин има искуство со управување со фондови и комплицирани случаи на финансиска експлоатација на возрасни.

Отстранувањето на функцијата старателство на Џејми Спирс е очекуваниот прв чекор во стратегијата на правниот тим на пејачката, кој треба да ја поништи одлуката за старателство.

Пред 13 години, судот донесе одлука таткото да се грижи за кариерата и животот на Бритни.

„Отровен однос“

Јавната поддршка за ѕвездата скокна по нејзиното емотивно сведочење пред судот минатиот месец, во кое таа рече дека е принудена да зема лекови, принудена да дејствува спротивно на нејзината волја и дека е спречена да има деца.

Таа изјави дека сака нејзиниот татко да биде сменет од улогата на старател, тврдејќи дека „ја принудувал да работи премногу“ и дека ѝ се заканувал со „казна“ доколку не ги изврши неговите наредби.

Во објава на Инстаграм, таа информира дека нема да настапува повторно се додека нејзиниот татко ја контролира нејзината кариера.

„Во скоро време нема да настапам на ниту една сцена, додека татко ми ми одредува што ќе облечам, да кажам, да направам или да мислам“.

Џејми Спирс постојано негира какво било обвинување за вознемирување и се грижи за благосостојбата на неговата ќерка.

Петицијата за смена на нејзиниот татко од позицијата старател следеше само две недели откако Росенгарт, поранешен федерален обвинител, ја презеде должноста адвокат на ѕвездата.

Тој беше ангажиран откако Самуел Ингам III, адвокат назначен од судот, кој ја претставуваше пејачката во последните 13 години, поднесе оставка во светло на нејзиното сведочење пред судот.

Тоа беше прв пат од 2008 година на пејачката да ѝ биде дозволено самостојно да избере адвокат.

Во судските документи до кои Лос Анџелес Тајмс имал пристап, Розенгарт ги опишал односите меѓу Бритни Спирс и нејзиниот татко како „отровни“.

Тој тврди дека „тоа го нарушува менталното здравје на пејачката, нејзината благосостојба и способноста да ја продолжи својата извонредна кариера“.

Извештајот додава дека „постојат сериозни проблеми“ во врска со можното лошо однесување на Џејми Спирс, вклучувајќи судир на интереси, злоупотреба на старателството и очигледен губење на богатството на Бритни Спирс.

Тој забележал дека таткото на Бритни профитирал од имотот на неговата ќерка, примајќи месечна плата од 16.000 долари покрај трошоците за деловниот простор и надоместоците што произлегуваат од договорот за настапи.

„Иако е вообичаено менаџерите, агентите и другите професионалци во индустријата да добиваат процент од заработката на уметникот, Спирс не е во улога на никој од нив“, се вели во петицијата.

„Тој е старетел и како таков, неговата улога треба да биде оптоварена со тоа, а да нема корист од тоа“.

Покрај барањето за нов старател, Розенгарт додаде дека „може да дојде време кога судот ќе биде повикан да разгледа дали старателството треба целосно да се прекине“.

Сè уште се чека одговор од адвокатката на Џејми Спирс, Вивијан Торин.

Таа претходно пред судот рече дека „едноставно не е точно“ дека Спирс е одговорен за обвинувањата на нејзината ќерка и тврди дека има многу „погрешни обвинувања“ во нејзиното сведочење.

Предлозите за отстранување на Џејми Спирс и доделување на старателството на Рубин треба да бидат разгледани на рочиштето закажано за 29 септември.

Фото: Getty Images

Слични содржини