Бритни Спирс пишува книга, откри детали и ги воодушеви фановите

од Nikola Popovski

Бритни Спирс неодамна сподели објава со своите следбеници во која откри дека пишува книга. Во неколку реченици, таа ја откри темата на книгата и ги заинтригира фановите со детали.

„Пишувам книга за убиена девојка. Нејзиниот дух е заглавен во лимузина поради траума и болка, а девојката не знае како да премине во светот што го знае. Откако беше заробена во лимузина три години, постоењето на нејзиниот дух зависи од одразот од огледалото“, започнала Бритни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

„Нема никој на кого може да му верува, но нешто се случи и таа полека сфаќа како да се пресели во светот каде што е семејството. Кога нејзиниот дух излегува од лимузината, таа треба да одлучи дали ќе оди кај луѓето што ја убиле или ќе создаде сосема нов живот. И веќе нема да и треба огледало“, напишала пејачката.

„Духот од нејзината книга наоѓа излез преку молитва и девојката треба да се соочи со многу работи од реалниот свет, меѓу другото треба да научи повторно да го пишува своето име“, стои во објавата на Бритни, која не сакала да открие други детали од книгата.

Нејзините следбеници се воодушевени кога дознале дека Бритни пишува книга.

„Бестселер на повидок“, „Прекрасен начин да се изрази како се чувствуваш. Можеш да го направите тоа“, „Браво Бритни “, се само дел од илјадниците коментари за поддршка дадени од нејзините следбеници по објавувањето.

Неодамна, пејачката им се заблагодари на своите обожаватели кои спроведоа долга кампања за ставање крај на долгогодишното старателство над нејзиниот татко над неа.

 

Слични содржини