Бритни Спирс потрошила над милион долари на војната со нејзиниот татко

од Vladimir Zorba

Поп-принцезата Бритни Спирс потроши над еден милион долари за законски трошоци за нејзиното старателство во 2019 година, додека нејзиниот татко Џејми Спирс за улогата на нејзиниот старател заработил 128.000 долари, пренесуваат странските медиуми.

Минатата година, Бритни Спирс ги плати правните такси за старателство што Џејми Спирс ги има над неа веќе 12 години.

Пејачката ги запишала своите трошоци во нови судски документи, а откриено е дека во 2019 година, таа платила на својот тим на советници и адвокати вкупно 1.202.504 американски долари.

Нејзиниот татко Џејми заработи 128.000 долари за улогата на старател, позиција од која поднесе оставка во септември 2019 година, поради здравствени причини. Нејзин сегашен старател е Џоди Паис Монтгомери, а таа одлука е продолжена до 22 август годинава.

Бритни исто така потрошила 91.224 долари на патувања на островите Турк и Каикос, како и во Мајами, а исто така добила и неделен џепарлак, кој го троши по сопствена желба.

Бритни потрошила скоро милион долари за трошоците за живот во куќата, а најголем дел од парите ги потрошила на поправки во домашната салата, која била оштетена во два пожари.

Потсетуваме, откако навивачите изразија загриженост за животот на поп-sвездата, тврдејќи дека од 2008 година таа е против нејзина волја под грижа на татко и Џејми Спирс и тим на адвокати, и дека тој нема права, таткото лично се огласи.

Тој го нарече движењето за ослободување на својата ќерка „#Фри Бритни“ како исмејување, потенцирајќи дека никој од нив нема идеја што се случува.

„Сите овие теоретичари на заговор немаат поим“, рече Џејми во едно од ретките интервјуа објавени вчера во Њујорк Пост.

„На судот во Калифорнија му е да одлучи што е најдобро за мојата ќерка. Тоа не се однесува на некој друг “, продолжи тој.

Џејми се осврна и на тврдењата дека се збогатил на штета на својата ќерка.

„Морам да пријавам пред судот секој никел, потрошени пари, секоја година. Како на Земјата би можел да украдам нешто“, рече тој, додавајќи дека работите отишле предалеку.

„Тие ги прогонуваат луѓето и им се закануваат со смрт. Тоа е ужасно. Не сакаме такви фанови. Ја сакам ќерка ми. Јас ги сакам сите мои деца, но ова е наша приватна работа“, рече тој, додека новинарите истакнаа дека Спирс е „емотивен“.

Како што повеќето фанови знаат, Бритни Спирс веќе 12 години е под судско старателство, под кое таа беше сместена по јавниот нервен слом во 2008 година. За иднината на старателството ќе се разговара подоцна овој месец – судот ќе одлучи на 22 август дали старателството ќе продолжи.

Слични содржини