Бритни Спирс се вери (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Американската поп пејачка Бритни Спирс се вери со момчето Сем Асгари и објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа нејзиниот дијамантски свршенички прстен.

Пејачката (39) и Асгари (27) изјавуваат љубов еден кон друг во видеото што го објави во неделата, а видеото го погледнаа 1,6 милиони корисници на Инстаграм.

Честитки и испрати американската старлета Парис Хилтон.

Во 2016 година, Бритни Спирс го запозна Асгари додека снимаше спот за песната „Slumber Party“.

Пејачката има две деца од претходниот брак со раперот Кевин Федерлајн. Таа беше кратко омажена за пријателот од детството Џејсон Александар. Тој брак траеше 55 часа.

Бритни Спирс се прослави со хитовите „Toxic“, „Womanizer“, „Baby One More Time“, „Scream and Shout“, „I Wanna Go“ и „Till the World Ends“.

Слични содржини