Бритни во солзи го бара адвокатот: Татко ѝ се заканил дека ќе ги земе нејзините деца

од Nikola Popovski

Драмата околу Бритни Спирс не стивнува ниту по одлуката на нејзиниот татко Џејми да ја ослободи од 13-годишното старателство што го имаше, бидејќи таа повторно го обвини.

Имено, таа се јавила кај адвокатот и му рекла дека нејзиниот татко и се заканува, а сето тоа ќе биде прикажано во новиот документарец на Нетфликс за пејачката, „Бритни наспроти Спирс“.

Ова ќе биде првпат аудио деловите да бидат објавени во јавноста, а ќе се зборува и за нови детали за старателството на Џејми врз неговата ќерка. Документарниот филм ќе биде прикажан на 28 септември, ден пред закажаното судско рочиште. Контекстот на ова видео докажува дека Бритни очигледно сакала старателството да биде прекинато една година по нејзиниот ментален слом, иако никогаш не сакала да каже ништо за тоа јавно.

Актерката се соочи со јавна криза по менталното здравје пред 13 години, поради што во целиот тој период, нејзиниот татко Џјми Спирс имаше старателство над неа и управуваше со нејзиниот живот и имот.

Слични содржини