Сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон, Брижит била тестирана позитивно на коронавирусот на 24 декември и немала сериозни симптоми, а шест дена подоцна имала негативен тест за вирусот, соопшти нејзиниот кабинет, потврдувајќи ги информациите во медиумите.
Таа денес е целосно опоравена, изјавија од кабинетот и додаваат за АФП дека информациите не биле објавени затоа што не влијаеле на нејзиниот јавен распоред.
Шеесет и седумгодишната Брижит Макрон беше тестирана на Божиќ, на 24 декември, за време на одморот на парот во Брегансон на југот на земјата, една недела откако нејзиниот сопруг беше во изолација поради таа болест.
Имала благи симптоми, а потоа била тестирана негативно на 30 декември и повторно на 31 декември, што и овозможило да се врати во Париз и да ги продолжи своите должности на 4 јануари.
Емануел Макрон е тестиран позитивно на Ковид-19 на 17 декември и беше во изолација една недела во неговата официјална резиденција во близина на Париз, додека неговата сопруга била во претседателската палата.