Брнабиќ: Србија никогаш нема да ја заборави агресијата на НАТО

од Vladimir Zorba

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, објави дека Србија никогаш нема да ја заборави агресијата на НАТО од 1999 година.

Таа на Твитер напиша дека „на денешен ден, пред 24 години, започна агресијата на НАТО против поранешна СРЈ“ – Сојузна Република Југославија.

„Никогаш нема да заборавиме“, рече премиерот на Србија.

Таа објави и кратко видео од бомбардирањето, на кое пишува дека Србија, во срцето на Европа, 78 дена била цел на напади, а бројот на жртвите бил околу 4.000.

Во видеото се наведува дека се убиени 89 деца, 659 припадници на армијата и 349 полицајци, а уништени се 25.000 станбени згради. Во Србија беа извршени 2.300 воздушни напади, уништени се 18 градинки, 19 болници, 44 мостови, 69 училишта, 76 културни споменици, се додава во видеото.

Слични содржини