Брнабиќ: Вучиќ треба да оди на самитот, тоа е најдобар начин да се соочи со лицемерието

од Stefanija Kuzmanovska

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ се уште не донел одлука да оди на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана, но смета дека е важно да се оди таму, бидејќи никој нема кредибилитет и не може да се соочи со лицемерие како него.

„Како човек можам да ја разберам дилемата што ја има Вучиќ“, рече синоќа премиерката во „Хит твит“ на ТВ Пинк и додаде дека често се прашува „како човек има такви нерви, толеранција и трпение како Александар Вучиќ и дека на тој начин се бори и се изборува за некои работи за Србија и Србите на Косово“.

Слични содржини