Брнабиќ: Денес очекуваме над 5000 новозаразени

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ вели дека денес очекува бројка од повеќе од 5000 новозаразени со Ковид 19. Според неа, среда е обично најлошиот ден.

Брнабиќ во изјава за Националната академија за јавна администрација посочи дека утринава во 8 часот податоците се полоши од вчера во истото време. Таа додаде и дека во овој момент нема причина да се оддржува онлајн настава во училиштата, потенцирајќи дека ќе разговара заедно со Кризниот штаб за понатамошните чекори, имајќи предвид дека граќаните најмногу според статистиката се загрижени за тоа дали ќе работат градинките и училиштата.

Слични содржини