Брнабиќ: Доколку е потребно, ќе воведеме уште поригорозни мерки

од Vladimir Zorba

Премиерот на Србија, Ана Брнабиќ, повторно ги повика граѓаните да останат дома и да бидат дисциплинирани, најавувајќи дека доколку бидат неопходни, ќе бидат наметнати поригорозни мерки.

„Државата досега ја даде секоја можна поддршка, но зависи од граѓаните дали ќе ја добиеме борбата со коронавирусот“, рече Брнабиќ на ТВ Пинк.

Таа рече дека Србија е во својата четврта недела и се уште е на нозе, но дека ако е како вчера, „за таков ден ќеплатиме“.

Таа исто така предупреди дека земјата влегува во најтешкиот период.

Премиерката рече дека од денес има лабораторија во Батајница, а се подготвува ветеринарниот институт во Краjeево, кој ќе прави тестови на КОВИД-19 за олеснување на Торлак, пренесува Танјуг.

Брнабиќ исто така изјави дека Србија има повеќе респиратори по глава на жител од многу поразвиени земји и утрово добила е-пошта дека успеале да набават уште 480 респиратори.

Истакна дека болниците се добро опремени, има доволно тестови, а капацитетите се зголемени.

Додаде и дека преку аптеките се обезбедени девет милиони маски на граѓани.

Слични содржини