Брнабиќ ќе покаже нови докази за бруталните убиства на Беливук

од Vladimir Zorba

Вечерва јавноста ќе има можност да види нови ужасни снимки од монструозните злосторства на тимот на Вељко Беливук.

Вчера, на прес-конференцијата по седницата на Советот за национална безбедност, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, покажаа ужасни слики за злосторствата на кланот, а следува и продолжение вечерва

Снимките ќе се емитуваат во емисијата „Хит твит“ на ТВ Пинк, со почеток во 21 часот.

Гости на шоуто ќе бидат премиерот на Србија, Ана Брнабиќ, поранешниот висок функционер на СДБ, Божидар Спасиќ и експерт за маркетинг, Небојша Крстиќ.

Слични содржини