Брнабиќ: Можен е договор меѓу Белград и Приштина, но јас не би потпишалa независност на Косово

од Vladimir Zorba

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ смета дека е можен историски договор меѓу Србите и Албанците и посочува дека за тоа се потребни храбри лидери со визија, како што е Александар Вучиќ, и дека таа, како премиер, не би ја потпишала независноста на Косово.

Во интервју за „Вечерње новости“, Брнабиќ потврди дека постојат различни притисоци врз Србија и оцени дека не може да му се дадат ултиматуми и да му се сервираат решенија на Вучиќ.

– Тој и СНС се грижат за Србија, а не за победа на изборите. Победата на изборите ја гледаме како начин да се бориме за Србија, а не како цел сама по себе – рече таа.

Директно запрашана дали ќе го потпише признавањето на независноста на Косово и Метохија, таа кратко одговори: „Не“.

Како што објасни, во оваа фаза ЕУ ​​и САД не рекле дека нема членство во ЕУ без признавање на Косово, туку дека нема членство без долгорочно решение на косовското прашање.

Брнабиќ посочи дека Србија е посветена на решавање на замрзнатиот конфликт, и дека „интересот на нашата земја е мирот и стабилноста, како и влезот во ЕУ“.

– Наоѓањето компромис што би обезбедил одржлив мир и стабилност и нашиот европски пат се во интерес на Србија, бидејќи тоа ќе обезбеди да продолжиме да се зајакнуваме економски – рече премиерот.

Оцени дека во Приштина нема лидери со визија и храброст.

– Можно е да ја пропуштиме историската шанса поради тоа, која нема да ни се појави уште долго време. Се надевам дека нема – рече Брнабиќ.

Слични содржини