Брнабиќ: Одлуката за Ѓоковиќ е скандалозна, кажуваат лаги и за вакцинацијата во Србија

од Vladimir Zorba

Одлуката за протерување на Новак Ѓоковиќ е скандалозна и покажа како функционира или не функционира владеењето на правото во некои други земји, изјави денеска премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

– За мене е неверојатно дека имаме две сосема спротивни судски одлуки во рок од само неколку дена и 11 дена физичко и психичко малтретирање. Како премиер на Србија не сум среќна, но не треба да бидам премногу емотивна. Едвај чекам да го видам Новак Ѓоковиќ во мојата земја, во Србија, и некако заедно да го пребродиме сето ова и да го поддржиме во овие тешки моменти – изјави Брнабиќ пред новинарите по гласањето на референдумот за промена на Уставот на Србија.

Таа истакна дека во Австралија од претставниците на локалните власти се слушаат неверојатно брутални лаги за вакцинацијата во Србија.

– Отворени лаги во Австралија од претставник на државата, кој вели дека вакцинацијата во Србија е под 50 проценти. Во моментов имаме 58 проценти целосно вакцинирани, а 37 проценти вакцинирани со трета бустер доза, што е многу подобро отколку во многу земји од ЕУ, меѓу кои Хрватска, Естонија, Романија, Бугарија и некои други земји – рече премиерката.

Слични содржини