Брнабиќ пред посетата на Скопје: „Отворен Балкан“ може да компензира дел од забавувањето на економскиот раст

од Берта Китинска

Премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ утре ќе ја посети Република Северна Македонија.

Брнабиќ пред посетата на Северна Македонија денеска изјави дека е важно Србија да одржува добри регионални односи, но и да разговара за сите теми со сите во регионот.

Брнабиќ посочи и дека е важно нашиот северен сосед да продолжи да ја „турка“ иницијативата „Отворен Балкан“, што е нешто што, како што вели, може да компензира барем еден дел од забавувањето на економскиот раст на Србија до кој дошло затоа што, како што вели, „водиме сопствена надворешна политика“.

Како што соопштија од српската Влада, Брнабиќ ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски.

По средбата во Скопје, Брнабиќ и Ковачевски ќе учествуваат на премиерскиот панел „Градење просперитетна иднина: улогата на регионалната соработка“, што се одржува во рамки на самитот „Македонија 2025“.

Слични содржини