Брнабиќ: Сакаме Ѓоковиќ да биде преместен во куќата што ја изнајмил

од Vladimir Zorba

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска побара првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ да биде префрлен од хостел во куќата што ја изнајмил до одлуката на австралиските власти за влез во таа земја.

Брнабиќ за британскиот канал „Скај њуз“ изјави дека Белград во моментов бара само Ѓоковиќ да биде префрлен од хостелот во куќата што ја изнајмил и каде што би можел да тренира, а каде што ќе биде и во изолација.

„Бараме Новак да биде префрлен од хотелот или хостелот каде што е, во куќата што ја изнајмил и каде би престојувал за време на турнирот. Не сакам да се мешам во имиграциската политика во Австралија, Србија ги понуди сите гаранции дека Ѓоковиќ ќе биде префрлен на друго место додека се чека одлуката“, изјави Брнабиќ.

Ѓоковиќ вчера пристигна во Мелбурн, но не му беше дозволен влез во Австралија бидејќи му беше одбиена визата. Тој замина во Австралија откако доби медицинско ослободување за учество на првиот Гренд слем сезонава, иако не е вакциниран против коронавирусот. Тој беше во изолација на аеродромот до раните утрински часови, а потоа беше префрлен во хотелски карантин.

Брнабиќ рече дека другите тенисери кои добиле медицинско ослободување за учество на Австралија опен биле пуштени во земјата, но не и Ѓоковиќ.

Слични содржини