Брнабиќ се огласи по објавата на Џенифер Анистон: Се што е добро за Србија е важно за мене

од Nikola Popovski

Актерката Џенифер Анистон на својот Инстаграм профил им оддаде почит на моќните жени во светот, а меѓу нив ја вклучи и Ана Брнабиќ, по што сега премиерката ја прокоментира оваа објава.

Имено, актерката неодамна на својата Инстаграм приказна објави фотографии од жените кои ги смета за најуспешни и напиша:

„Додека светот беше вознемирен од бучавата на оние кои се отпорни на промените. Промената секако се случува“.

Коментирајќи ја објавата на актерката, премиерката изјави дека тоа е одлично за нивната земја.

– Се што е добро за Србија е важно за мене. Тоа кажува едно: дека нашата земја е еден од лидерите во родовата еднаквост, што се обидовме многу да го постигнеме, и според законот што беше донесен и според кој мора да имаме најмалку 40 проценти од жените на списокот за Национално собрание. Имаме и скоро 50 проценти жени во Владата на Србија, во која се наоѓаме на самиот врв на светот – вели Брнабиќ.

Таа потсетува дека жените се на чело на некои од најважните институции, како што се Владата на Србија или Народната банка на Србија.

– Сите овие се пофалби за Србија и покрај економијата, здравството, Србија се издвојува и по ова. Се надевам дека сме земја што го менува светот – истакнала премиерката.

Слични содржини