Брнабиќ: Србија силно го поддржува Берлинскиот процес како идеја за обединување на Западен Балкан

од Vladimir Zorba

СРБИЈА силно го поддржува Берлинскиот процес, не само заради економски развој на регионот, туку и како идеја за поврзување и обединување на Западен Балкан и неговиот пристап кон Европската унија, изјави денеска премиерот на земјата, Ана Брнабиќ.

Таа на онлајн-самитот на лидерите на Берлинскиот процес изјави дека поддршката во регионот е особено видлива преку солидарност со соседите за време на пандемијата и помош со вакцини и медицинска опрема.

Брнабиќ и се заблагодари на германската канцеларка Ангела Меркел за силната поддршка и активниот пристап кон регионалната соработка, објави Владата на Србија.

Благодарение на поддршката на Германија и канцеларката Меркел, но и на иницијативите на претставниците на Србија, Албанија и Северна Македонија, објасни премиерот, спроведувањето на Акцискиот план ќе овозможи понатамошно проширување на економската и трговската соработка во регионот, што ќе го направи попривлечно за странските инвеститори.

Во соопштението се наведува дека на самитот на лидерите на Берлинскиот процес се дискутирало за конкретни резултати постигнати за седумгодишното постоење, плановите за следниот период и иницијативите насочени кон поддршка на Западен Балкан на неговиот пат кон ЕУ.

Фокусот на самитот беше на градење на заеднички регионален пазар поврзан со четири основни слободи – слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал, за што беше донесен Акциониот план во ноември минатата година, и од кој регионот ќе има посебни придобивки .

Слични содржини