Брнабиќ: Условувањето на С.Македонија со билатерални прашања е преседан

од Берта Китинска

Ако видовме една работа тоа е дека кога ќе се постави еден преседан, тој се повторува. Она што е направено е навистина преседан, изјави Ана Брнабиќ од Охрид одговарајќи на новинарски прашања за тоа дали се плаши дека тоа што ѝ се случува на С.Македонија со Бугарија во европските интеграции може да ја снајде и Србија со Косово.

-Да се решаваат какви било билатерални прашања и со тоа да го условувате европскиот пат на една земја која ги исполнила сите услови за да почне со преговори, е преседан и ако мене ме прашувате тоа не треба и не смее да се повторува. Дали може да се повтори? Апсолутно верувам дека може и дека ќе го отежни патот на сите нас од Западен Балкан во ЕУ, изјави Брнабиќ .

Слични содржини