Брнабиќ: Вандализам и добивање политички поени на најголемата криза

од Vladimir Zorba

Премиерката во оставка, Ана Брнабиќ по повод протестите и инцидентите пред парламентот изјави дека остро го осудува вандализмот на политичарите кои стојат зад упадот во српскиот парламент во време кога државниот и здравствен систем се соочуваат со најлошиот удар на вирусот „Ковид 19“.

„Бидејќи не можеа да влезат во Собранието на изборите, тие повторно го покажаа своето вистинско насилно лице, обидувајќи се да добијат политички поени во најголемата криза на планетата од Втората светска војна“, се наведува во писмената изјава на Брнабиќ.

Таа посочи дека бројот на ново заразени лица во светот расте секој ден, затоа е важно сите да бидат обединети и да им ја пружат потребната поддршка на здравствените работници кои, како што вели, се посветени на борби за секој живот во Србија.

„Државата и сите нејзини институции ќе го штитат правниот поредок, како што тоа се прави во секоја демократски организирана земја“, рече Брнабиќ, пренесува Танјуг.

Слични содржини