Брнабиќ: Затворањето на градовите беше моја глупава идеја

од Берта Китинска

На прашањето дали ќе има различни мерки по зони, премиерката Ана Брнабиќ изјави дека ваквиот претходен обид – во јули и август – бил неуспешен и дека таа е одговорна за тоа.

„Ќе ви кажам отворено – тоа беше мојата идеја, прилично глупава затоа што тогаш не разбрав дека во Србија, кога ќе затворите еден град, сите одат во друг. И кога затворате кафулиња и клубови во еден град каде што ситуацијата беше лоша, како што е Кралево, сите одат во друг град и така се шири инфекцијата “, вели Брнабиќ.

Таа додаде дека мерките не треба да се копираат од една во друга земја бидејќи се непродуктивни.

„Не се плашам да кажам – тоа беше моја вина“, вели Брнабиќ.

Владата на Србија донесе нови мерки кои ќе стапат на сила во вторник, а кои предвидуваат сите кафулиња, ресторани, клубови, но и продавници и супермаркети да бидат отворени само до 21 часот.

Слични содржини