Брнабиќ: Згрешивме, ова е вирус за кој не се знае ништо!

од Stefanija Kuzmanovska

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска истакна дека ниту таа, ниту претседателот на Србија, Александар Вучиќ, не ги обвиниле граѓаните за зголемувањето на бројот на новозаразени со коронавирусот.

„Не разбрав како тоа вината ја ставам на граѓаните, ова е борба на сите нас заедно низ целиот свет. Не сум слушнала ниту еднаш Александар Вучиќ да ги обвинува граѓаните. Кога реков дека не сме дисциплинирани, јас секогаш започнував од себе … Ова е болест која може да се надмине само на тој начин, со социјално растојание, миење на рацете и без собирање“, рече Ана Брнабиќ на конференцијата на Кризниот штаб.

„Го пропуштивме тоа. Како што СЗО не беше во право, и како што секој грешеше секој ден, затоа што ова е нов вирус за кој ништо не се знае. Не сум сигурна дека можам да ја преземам таа одговорност“, додаде премиерката.

Таа истакна дека во текот на летото, сите најавија затишје, го предвидоа тоа, но се покажа дека не е точно и дека се бориме со нешто сосема ново.

„Кризниот штаб се состана, но не ни требаше дневна конференција во 15 часот и броевите беа под наша контрола, сега очигледно има потреба. Вината е на вирусот. Дали се огласив по Дербито, не, тогаш не видовме толку големи бројки“, рече Брнабиќ.

Таа рече дека е очигледно дека вирусот ќе остане со нас.

„Ако не сакаме да живееме во вонредна состојба, мора да имаме различен начин на борба … Ние мора да научиме како општество да се бориме. Како општество, сите треба да научиме дека ова е нов начин на живот. Ние не ги обвинуваме граѓаните“, рече таа.

Премиерката додаде дека најлесно е да се воведе полициски час.

„Ајде тогаш да работиме заедно, можеби ќе успееме“, рече Брнабиќ.

Слични содржини