Брнабиќ ја повика БиХ да се приклучи на иницијативата Отворен Балкан, а Црна Гора да се вклучи повеќе

од Stefanija Kuzmanovska

Српската премиерка Ана Брнабиќ ја повика Босна и Херцеговина да размисли за приклучување кон иницијативата Отворен Балкан, наведувајќи дека иницијативата нема никаква врска со политика, туку дека ќе придонесе за намалување на тензиите.

„Ги замолувам сите од Босна и Херцеговина да размислат за приклучување кон иницијативата Отворен Балкан. Тоа нема никаква врска со политика, освен што ќе ја намали тензијата“, рече Брнабиќ во говорот на Меѓународниот бизнис саем во Мостар.

Наведувајќи дека во врска со Отворениот Балкан „би било добредојдено поголемо вклучување на Црна Гора“, таа истакна дека оваа иницијатива е поврзана со отворање на границите, протокот на луѓе, капитал и услуги.

„Станува збор за различни инспекции кои се целосно координирани, за да се осигура дека нашата економија и нашиот народ имаат поголема корист од нашата соработка“, заклучи Брнабиќ.

Слични содржини