Брнабиќ за време на собраниската расправа: „Се што се случува во Србија по масовните убиства е директно масло на странски служби“

од desk4

Со едноминутно молчење почна собраниската седница во српскиот парламент, поради масовните убиства во Белград и Младеновац.

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска во српското Собрание изјави дека се што се случува во Србија по масовните убиства во ОУ „Владислав Рибникар“ и селата околу Младеновац е „директен резултат на странски служби“.

„Она што се случува е директно влијание на странски служби и директна дестабилизација на Република Србија.И почитувани граѓани на Република Србија, за да не ги извлекувате моите зборовите од контекст, не зборував за трагедии, зборував за се што се случи по трагедиите, кое секој ден е се посилно, а тоа дека Ивица Дачиќ ја напуштил седницата на Владата може да го пласира само некој кој сака да ја дестабилизира Србија и е лесно проверлива лага“, изјави Брнабиќ за време на расправата во парламентот

Според Брнабиќ некои медиуми намерно ширеле „неверојатна лага дека министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, демонстративно ја напуштил седницата на Владата“.

– Веднаш да ви кажам, да знаат сите граѓани, вчера во 13 часот имавме редовна седница, добро помина, донесовме исклучително важни одлуки, пред се и најважни за земјоделските производители“, рече таа.

Таа додаде дека некои медиуми го искористиле нејзиниот лапсус од седницата, кога кажала дека „власта нема да се смени на избори“, иако од целото нејзино излагање јасно се гледа дека кажала дека власта нема да се менува на улица.

„Најмалку 20 пати повторив дека власта во Република Србија ќе се менува само со волјата на граѓаните изразена на изборите, дека нема да има Мајдан, дека власта нема да се менува на улица, дека Изборите се единствениот механизам дека нема да се држиме до нашите позиции.Оставките се најмалиот проблем, можеме да одиме на избори, само нема да дозволиме да се смени власта без избори“, рече Брнабиќ.

Таа повтори дека е неприфатливо СНС да формира преодна влада до одржување на вонредни избори, на кои би седнале претставници на опозицијата и која, како што рече, ќе ги затвора медиумите и ќе ги промени институциите. Пратеничката од социјалистите Снежана Пауновиќ потврди дека министерот Дачиќ не ја напуштил седницата на Владата. Таа рече дека на митингот на 26 мај, кој го повика претседателот Александар Вучиќ, ќе присуствуваат 15.000 поддржувачи на социјалистите, а пред толпата ќе се обрати и Ивица Дачиќ.

Расправата во срскиот парламент за безбедносната состојба во Србија продолжува утре.

Слични содржини