Брнс и Филипче на онлајн конференција со претставникот на СЗО во Северна Македонија

од Vladimir Zorba

Амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнс се приклучи на онлајн конференцијата со министерот за здравство Венко Филипче и претставникот на Светската здравствена организација во Северна Македонија Џихане Тавилах.

Амбасадорката Бирнс зборуваше за грантот на УСАИД во висина од 10 милиони американски долари за Светската здравствена организација (СЗО), од кои 600.000 американски долари беа назначени за поддршка на помошта на СЗО за напорите на Северна Македонија во борбата со КОВИД-19.

Оваа награда е дел од поддршката на Соединетите држави за Северна Македонија и се заснова на долгата историја на пријателство, партнерство и сојуз меѓу нашите две држави, се вели во соопштението од амбасадата.

На средбата амбасадорката Брнс исто така истакна дека денес е Светскиот ден на здравството – значаен ден за здравствените работници кои во моментот се во првите редови во борбата против КОВИД-19.

Слични содржини