Брнс: Моја надеж и чест е да продолжам со службата во Северна Македонија

од Vladimir Zorba

Амбасадорката на САД во земјава, Кејт Брнс, во гостувањето на „200“ на „Алсат М“ телевизија изрази надеж дека и по доаѓањето на власт на Џо Бајден во САД, ќе продолжи да ја извршува својата функција во земјава.

„Моја надеж и чест е да продолжам со службата во Северна Македонија, ова е најдобрата задача којашто сум ја имала во животот, најголемата чест и се надевам дека ќе ми биде дозволено да продолжам да ја извршувам. Мислам дека во 2021 година ќе има многу можности. Ќе има големи предизвици, но и можности. Се надевам дека тука можам да напредувам, во смисла на користењето на нашето стратешко партнерство, за добро на граѓаните од двете земји“, рече Брнс.

Слични содржини