Брнс: Преземени се заштитни мерки за граѓаните да го остварат своето право на глас

од Vladimir Zorba

Американската амбасадорка Кејт Мери Брнс изјави дека не може да се каже каков ќе биде одѕивот на гласачите на претстојните предвремени парламентарни избори во услови на пандемија, но се надева дека преземените заштитни мерки од страна на властите, како и донираната американска помош за обезбедување заштитни средства ќе ги охрабрат граѓаните да излезат и да го остварат своето гласачко право на денот на изборите.

– Ќе треба да видиме каков ќе биде одѕивот на гласачите. Како и сите други, охрабрени сме од мерките за заштита кои се преземени, од одличната комуникација која е преземена од страна на Владата да ги охрабри гласачите да излезат и да го остварат своето демократско право на глас и избор и да го направат тоа безбедно и во здрава средина. Се надеваме дека тоа ќе биде ситуацијата на денот на изборите за кои гласањето веќе почна денеска и ќе треба да почекаме и да видиме. Но, да повторам, горди сме што можевме да помогнеме преку обезбедување на оваа опрема и се надеваме дека таа ќе помогне граѓаните да имаат доверба во овие дополнителни мерки, рече амбасадорката Брнс на новинарско прашање по доделувањето на донација за Државната изборна комисија која се состои од средства за дезинфекција и заштитни маски.

Слични содржини