Брнз ја посети Арсовска: Ќе се интензивира соработката меѓу градот Скопје и амбасадата на САД

од Nikola Popovski

Американската амбасадорка Кејт Мери Брнз денеска била во посета на новата градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска. Таа ѝ ја честитала победата на локалните избори и ѝ посакала успешна работа во четиригодишниот мандат.

-На денешната средба амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз истакна честитки за изборот за градоначалник, со желба за успешна работа и изрази надеж дека со активна соработка и поддршка ќе се пристапи кон решавање на многубројните општествени проблеми со кои секојдневно се соочуваат граѓаните.

На средбата стана збор за интензивирање на соработката помеѓу Градот Скопје и амбасадата на САД, како и за размена на позитивни искуства од различни сфери на соработка што ќе придонесе и за реализирање на голем број нови заеднички проекти, информира Арсовска.

Слични содржини