Брнз: Задоволна сум што граѓаните на оваа земја учествуваат во демократскиот процес

од Берта Китинска

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз изразува задоволство од учеството на граѓаните во изборниот процес за денешените предвремени парламентарни избори.

-Задоволна сум што граѓаните на оваа земја учествуваат во демократскиот процес. Тим од Амбасадата на САД му се придружи на ОБСЕ, на граѓанското општество и меѓународните набљудувачи за набљудување на изборите, и ќе бидам таму заедно со нив, напиша на нејзиниот официјален Твитер профил амбасадорката Брнз.

Амбасадата на САД ги набљудува изборите со 41 акредитиран набљудувач.

Слични содржини