Бројот на загинати во престрелката во Париз се искачи на три

од Radmila Tasevska

За време на пукањето во Париз во курдскиот центар, според најновиот извештај на Ројтерс, загинале три лица.

Париската обвинителка Лора Беку изјави дека се убиени три лица, а осомничениот им бил познат на властите од порано, пренесува Ројтерс.

Обвинителката додаде дека властите ќе истражат дали расизмот бил мотивот за ова пукање, пренесува Ројтерс.

Уапсениот во врска со пукањето во Париз им е познат на француските власти по претходниот напад на мигрантски камп.

Како што јави француската телевизија BFM TV и пренесе Ројтерс, тој нападнал мигрантски камп пред една година.

Три лица загинаа денеска во престрелка во курдскиот културен центар во Париз.

Слични содржини