Бројот на загинати во разорните земјотреси во Турција достигна 48.000

од Nikola Popovski

Разорните земјотреси што ја потресоа Турција во февруари однесоа животи на најмалку 48.000 луѓе, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на посетата на провинцијата Хатај, која беше најпогодена од земјотресите.

„Бројот на загинатите е 48.000, повеќе од 115.000 луѓе се повредени. Уништени се околу 50.000 згради. Сепак, ниту една земја не би можела толку брзо да реагира на несреќа од толку големи размери“, рече претседателот на Турција во интервју за националната телевизија ТРТ, пренесува ТАСС.

Според турскиот лидер, властите ги мобилизирале сите расположливи сили за расчистување на урнатините по земјотресот и покрај студеното време и уништените патишта.

„Сто земји ни испратија помош ангажирајќи спасувачи. Јас сум им многу благодарен“, рече Ердоган.

На 6 февруари два силни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ја потресоа провинцијата Кахраманмарас во Турција, која се наоѓа на југоистокот на земјата.

Двата најсилни земјотреси проследени со илјадници последователни потреси се почувствувани во единаесет провинции, како и во соседните земји, а најмногу настрада Сирија.

Слични содржини