Бројот на загинати во рускиот ракетен напад врз зграда во Днепар се зголеми на 40

од Radmila Tasevska

Бројот на загинати во ракетниот напад на руските сили врз зграда во Днепар во саботата се зголеми на 40, соопшти денес локалниот функционер Генадиј Корбан.

Како што изјави на својот Телеграм профил, 30 лица сè уште се водат како исчезнати, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека во нападот се повредени 75 лица, меѓу кои 14 деца.

Слични содржини