Брод се преврте во близина на Флорида, двајца загинати и десетмина исчезнати

од Stefanija Kuzmanovska

Две лица загинаа, а уште 10 се водат за исчезнати откако брод што патуваше од Куба се преврте во близина на Ки Вест, остров близу Флорида, соопштија денеска американските власти.

Крајбрежната стража потврди дека на локација на неколку километри од Ки Вест вчера околу 13 часот, откако екипажот забележал неколку луѓе во вода за време на редовна патрола, спасиле осум лица и извлекле две безживотни тела од водата, пренесува АП.

Пловилата на крајбрежната стража продолжија да ја пребаруваат областа во потрага по исчезнатите патници и превртениот брод.

Преживеаните патници, кои беа пренесени на бродот каде им беше укажана потребната помош, потврдија дека ја напуштиле Куба во неделата и дека се превртеле во средата вечерта, се вели во соопштението на американските власти.

Слични содржини