Брод со украинско жито пристигна во Албанија

од Stefanija Kuzmanovska

Брод со 6.000 тони жито од Украина пристигна денеска во пристаништето Драч, на јадранскиот брег на Албанија, објави „Albanian Daily News“.

„Бродот ‘Јаохар Раним’ со околу 6.000 тони украинско жито пристигна во средата околу 08:37 часот на пристаништето во Драч“, се наведува во извештајот.

Како што е наведено, товарењето на бродот било завршено на 28 јули.

Тоа е првиот брод што ја минува оваа рута од почетокот на војната меѓу Русија и Украина на 24 февруари.

Со посредство на Турција и Обединетите нации, на 22 јули во Истанбул, Украина и Русија потпишаа договор за обновување на украинската испорака на жито од пристаништата на Црното Море, пренесува „Танјуг“.

Согласно договорот формиран е координативен центар кој ќе врши заеднички контроли на влезовите и излезите на пристаништето, обезбедувајќи ја безбедноста на рутите.

Слични содржини