Броење гласови во Албанија: Партијата на Еди Рама има 49%

од Nikola Popovski

Прелиминарните резултати покажуваат дека владејачката Социјалистичка партија е во водство денес по парламентарните избори одржани во неделата, пренесува АП.

Врз основа на пребројаните половина од гласовите, социјалистите на премиерот Еди Рама имаат 49 проценти од гласовите, следени од десноцентристичката опозициска партија на Љуљзим Баша со 39 проценти од гласовите.

Сè уште не е познато дали социјалистите ќе добијат 71 место во парламентот како би владеле сами.

Околу 3,6 милиони гласачи во Албанија и во странство гласаа за 140 пратеници, кои ќе добијат мандат од четири години.

Рама се обидува да го достигне својот трет последователен мандат и ја постави целта на кампањата како зајакнување на туризмот, енергетиката, земјоделството и дигиталните проекти.

Лидерот на опозицијата Баша вели дека ќе донесе различни промени, затоа што тврди дека владата е корумпирана и поврзана со организираниот криминал.

Тој вети пониски даноци, повисоки плати и поголема социјална помош.

Изборите беа набљудувани од 125 набудувачи од 32 земји-учеснички на ОБСЕ.

Слични содржини