Бројката на починати од коронавирус во Косово надмина 2.000

од Nikola Popovski

Во последните 24 часа во Косово, 12 лица починале како резултат на инфекција со коронавирус, со што вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата изнесува 2.008.

Од тамошното Министерство за здравство, соопштуваат дека тестирани се 3.788 примероци, од кои 494 биле позитивни.

Во истиот период, оздравиле 1.009 пациенти, со што вкупниот број на пациенти се зголемил на 83.591, додека бројот на активни случаи бил 13.236.

Вкупниот број на позитивни случаи од почетокот на епидемијата е 98.835, од 482.413 тестирани примероци.

Слични содржини