„БРОЈНИ ДОКАЗИ“: Републиканците тврдат дека коронавирусот протекол од кинеска истражувачка институција

од Stefanija Kuzmanovska

Голем број докази покажуваат дека вирусот што ја предизвика пандемијата КОВИД-19 „протече“ од кинеска истражувачка институција, се тврди во извештајот на републиканците објавен денеска во Претставничкиот дом на Американскиот конгрес.

Републиканскиот извештај се повикува на „бројни докази“ дека научниците од Институтот за вирологија во Вухан (ВИВ) – со помош на американски експерти и кинески и американски владини фондови – работеле на модификација на коронавирусот за да ги заразат луѓето, тврдејќи дека таквата манипулација може да се прикрие.

Сепак, американските разузнавачки служби не дошле до таков заклучок, наведува „Ројтерс“.

Мајк Мекол, највисоко рангираниот републиканец во Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом, го објави извештајот и побара двопартиска истрага за потеклото на пандемијата на коронавирусот, од која досега починаа околу 4,4 милиони луѓе ширум светот.

Кина негира дека генетски модифицираниот коронавирус стигнал во оптек од објектот во Вухан, каде што беа откриени првите случаи на ковид-19 на крајот на 2019 година.

Таа теорија е најчеста во некои професионални кругови, но не е докажана, а официјален Пекинг ги отфрла обвинувањата за прикривање.

Друга група експерти верува дека пандемијата била предизвикана од животински вирус, кој најверојатно бил пренесен на луѓе на пазарот за морска храна, кој се наоѓа недалеку од институтот во Вухан.

Слични содржини