Бројот на активни преносители се намалува, во Скопје само 484 заразени лица

од Берта Китинска

Бројот на активни случаи секојдневно се намалува.Надлежните велата дека епидемијата спласнува, но луѓето ќе мора да внимаваат бидејќи вирусот се уште е активен.

Вчера беа регистрирани само 3 нови позитивни случаи. Преносот на вирус се намалува и во градовите низ земјава во Скопје беа регистрирани 484, болни лица од ковид, додека пак во Дојран и Демир Капија веќе неколку дена нема активни случаеви.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.272, бројката на оздравени пациенти е 148.709, на починати е 5.413, а бројот на активни случаи изнесува 1.150.

Слични содржини