Бројот на лица со коронавирус се искачи на 70, заразена и бабата на девојчето од Штип

од Aleksandar Todeski

Решивме да се обединат капацитетите на двете лаборатори, онаа на Институтот за јавно здравје и на клиниката Жан Митрев, посочи министерот за здравство, Венко Филипче.

Фото: Борче Поповски

„Вкупниот број на тестирања се 43, а три се позитивни, со што има вкупно 70 заболени. Една пациентка била во Србија, другата е бабата на девојчето од Штип и уште еден пациент во Скопје. Вирусот сега е прошиен во Скопје, Дебар, Гостивар, Штип и Охрид“, истакна Филипче.

Тој додаде дека Светската здравствна организација нотирала брзо ширење на болеста во светот. Бројката за само дванаесет дена е зголемена за 100.000 заразени. Сега вкупно во светот има 250.000 лица со коронавирус.

„Беа потребни три месеци да се постигнат првите 100.000 заразени, а само за 12 дена, бројката се искачи за 100.000 заразени. Бројот за 24 часа се искачи за 16.566, со 828 смртни случаи“, кажа Филипче.

Слични содржини