Бројот на нови случаи на коронавирус и понатаму опаѓа: 75.465 лица се заразени, 2.236 загинати

од Nikola Popovski

Бројот на нови случаи на коронавирус во Кина продолжи да опаѓа и денес, со потврдени уште 889 случаи, во време кога здравствените работници се оптимисти во спречување на епидемијата, која досега однесе повеќе од 2.200 животи и се прошири низ други земји.

Во последните 24 часа се пријавени вкупно 75.465 случаи на коронавирус, при што бројот на загинати се искачи на 2.236, од кои 118 жртви се во последното деноноќие.

Потврдени се повеќе од 1.000 случаи и 11 смртни случаи надвор од копното на Кина, пренесува АП.

Бројот на нови случаи на коронавирус од ден во ден е во опаѓање во Кина.

„Трендот на намалување нема да се промени“, рече заменик-генералниот секретар на Државниот совет и владин член на групата за надзор, Динг Сианџанг.

Слични содржини